Црвен крст на Република Македонија – општинската организација Куманово, организираше посета на осумчленото семејство Младеновски од село Враготурце, Општина Старо Нагоричане кое живее во многу тешки услови.
Дониравме хуманитарна помош која се состоеше од : брашно , прехрамбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки. Црвен крст Куманово ќе продолжи да контактира со семејството преку цела година и во рамките на своите можности ќе му пружа најнеопходна хуманитарна помош – велат од општинската организација.


