ОН жестоко реагираа откако Израел го прогласи Гутереш за персона нон грата

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации реагираа на одлуката на Израел да го направи генералниот секретар Антонио Гутереш персона нон грата, опишувајќи ја како политички потег на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Loading...

Израелската влада го презеде овој чекор откако Гутереш повика на итна деескалација на конфликтот на Блискиот Исток, што, според нив, следело без јасна осуда за нападот врз Израел.

Портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, нагласи дека оваа реакција е уште еден во низата напади врз персоналот на ОН од страна на Тел Авив, но вети континуирана соработка меѓу ОН и Израел на оперативно и на друго ниво.

Дујарик, исто така, појасни дека ОН не ја признаваат примената на концептот „персона нон грата“ за нивниот персонал и дека Гутереш патува во други земји само на покана на релевантните органи.

Според Дужарик, ова е уникатен случај во неговата долга кариера, бидејќи досега не се соочиле со вакви изјави и покрај бројните тензии меѓу генералниот секретар и одделни земји-членки.

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, ја оправда оваа одлука критикувајќи го Гутереш за, како што тврди, недостигот на јасна осуда на нападите на Иран врз Израел.