ОН: Стотици илјади луѓе во Украина немаат пристап до помош

Сподели со своите пријатели

Стотици илјади луѓе во Украина немаат пристап до помош за спасување живот поради воената опсада на градовите, се наведува во денешниот извештај на Обединетите нации.

Ројтерс јавува дека се прават обиди за воспоставување хуманитарни коридори по дводневниот неуспешен прекин на огнот.

„Итно се потребни сигурни и предвидливи „безбедни премини“ за да се преселат луѓето чии животи се загрозени и да се обезбеди спасувачка хуманитарна помош“, се вели во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

 

Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји

 

Како што беше најавено, околу 30 камиони со хуманитарна помош не можеле да влезат во Херсон поради тековните конфликти.

Се наведува и дека снемало залихи со вода и основни лекови и на други места, вклучително и во психијатриската болница во Бороѓанка, каде има стотина пациенти, од кои на некои им е потребна 24-часовна помош.

Се додава дека резервите на кислород за пациентите со Ковид и други биле исто така „очајно ниски“, а стотици илјади домаќинства немаат гас поради конфликтот.