ОН: Случајот Епстин – можни злосторства против човештвото

Сподели со своите пријатели

Милиони документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на постоење на „глобален криминален потфат“ чии индивидуални елементи би можеле да го достигнат законскиот праг на злосторства против човештвото, објави денес група независни експерти назначени од Советот за човекови права на Обединетите нации.

Експертите велат дека злосторствата опишани во документите објавени од Министерството за правда на Соединетите Американски Држави се извршени во контекст на супремацистички верувања, расизам, корупција и екстремна мизогинија и дека тие укажуваат на комерцијализација и дехуманизација на жените и девојчињата, објавува Ројтерс.

„Размерот, природата, системскиот карактер и транснационалниот дострел на овие злосторства против жените и девојчињата се толку сериозни што некои од нив би можеле да го достигнат законскиот праг на злосторства против човештвото“, се вели во соопштението на експертите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американска нафтена опсада: Нема гориво и струја на Куба, земјата е во колапс

Тие оценија дека обвинувањата презентирани во објавените досиеја бараат независна, темелна и непристрасна истрага, како и испитување на околностите што дозволиле вакви кривични дела да се извршуваат во подолг временски период.

Експертите на ОН изразија загриженост за, како што наведоа, „сериозните непочитувања на процедурите и несоодветните реакции“, кои открија чувствителни информации за жртвите, бидејќи досега објавените документи се идентификувани повеќе од 1.200 жртви.

„Неподготвеноста целосно да се објават информации или да се прошират истрагите остави многу преживеани да се чувствуваат повторно трауматизирани и она што тие го опишуваат како институционална измама“, се вели во соопштението.

На 30 јануари, Министерството за правда на САД објави повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видеа и 180.000 фотографии како дел од најновата и најобемна серија материјали поврзани со случајот Епстин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска забрани кинески возила во воени објекти

Во 2019 година, Џефри Епстин беше обвинет во федералниот суд во Менхетен за трговија со малолетници заради сексуална експлоатација.

Епстин беше пронајден обесен во својата ќелија додека чекаше судење, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.