ОН: Руската ТВ уредничка која демонстрираше против војната не смее да биде казнета

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации ги повикаа руските власти да се погрижат Марина Овсијаникова, која упадна во кадарот среде вестите на рускиот Канал 1 и демонстрираше против војната во Украина, да не биде казнета затоа што го искористила своето право на слобода на говор, пишува Гардијан.

Во програмата Овсјаникова во рацете држеше проѕирна табла на која пишуваше: „Стоп за војната! Не верувајте во пропагандата! Ве лажат!“

 

НАТО: Според индициите за падот на дронот во Загреб – немало напад!

 

Равина Шамдасани, портпаролка на ОН за човекови права, им рече на новинарите дека руските власти треба да се погрижат таа „да не се соочи со одмазда поради користењето на своето право на слобода на изразување“.

Еден од луѓето на кои Европската унија им воведе санкции е директорот на руската телевизија Канал 1 и шефот на Овсјаникова, Константин Ернст, пишува The Guardian.