ОН: Речиси невозможна дистрибуцијата на помош во Газа

Сподели со своите пријатели

Продолжувањето на борбите во Газа ја засили кризата со глад во палестинската енклава, соопшти хуманитарната агенција на Обединетите нации.

Loading...

Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека нејзината помош достигнала околу 250.000 луѓе за време на седумдневната пауза во борбите, јавува Би-Би-Си.

Во соопштението се нагласува дека дистрибуцијата на помош сега е „речиси невозможна“ и дека продолжувањето на конфликтот „ги загрозува животите на хуманитарните работници“.

„WFP повикува на хуманитарен прекин на огнот и ги повикува сите лидери да работат со најголема итност за изнаоѓање политички решенија кои можат да стават крај на страдањата на семејствата од сите страни на овој болен конфликт“, се вели во соопштението, јави Танјуг.