ОН: Проширената израелска операција во Газа ќе има „катастрофални последици“

Сподели со своите пријатели

Висок функционер на Обединетите нации во вторникот предупреди дека проширувањето на израелските воени операции во Газа може да има „катастрофални последици“, бидејќи премиерот Бенјамин Нетанјаху наводно размислувал за целосна окупација на палестинската територија.

Loading...

Проширувањето на војната „може да предизвика катастрофални последици за милиони Палестинци и дополнително да ги загрози животите на преостанатите заложници во Газа“, рече Мирослав Јенца, помошник генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на седницата на Советот за безбедност.

– Нема воено решение за конфликтот во Газа или за поширокиот израелско-палестински конфликт – рече Јенца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп без одговор на прашањето дали ја поддржува израелската анексија на Газа

За време на посетата на воен полигон порано во вторникот, Нетанјаху рече:

„Неопходно е целосно да се победи непријателот во Газа, да се ослободат сите наши заложници и да се обезбеди дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел“.

За време на 22-месечната војна, израелските сили уништија големи делови од Појасот Газа, додека честите предупредувања за глад го зголемија притисокот врз владата на Нетанјаху да ги прекине борбите.

Во израелската офанзива загинаа најмалку 61.020 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.

Зборувајќи пред седницата на Советот за безбедност за условите во кои се држат заложниците во Газа, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар рече дека дошол во Обединетите нации „за да го стави прашањето за заложниците во центарот на светската сцена“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќето израелски Евреи велат дека не се вознемирени од гладот и страдањето во Газа

– Дојдов да повикам на итно и безусловно ослободување на нашите заложници – рече тој.

За време на седницата, Јенка, исто така, повика на „итно и безусловно ослободување на сите заложници држани во Газа“, истовремено нагласувајќи го недостатокот на помош што влегува на таа територија.

– Израел продолжува строго да ја ограничува хуманитарната помош што влегува во Газа, а помошта што сè уште се ослободува е драстично недоволна – рече тој.

– Гладот е присутен насекаде во Газа, видлив на лицата на децата и во очајот на родителите кои ги ризикуваат своите животи за да добијат основни потреби – додаде Јенка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камион со храна се преврте врз цивили кои чекаат помош: Најмалку 20 мртви во Газа