ОН: Недостигот од финансии ќе остави 117 милиони луѓе без пристап до помош во 2025 година

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации најавија дека следната година ќе можат да соберат доволно пари за да им помогнат на 60 отсто од 307 милиони луѓе ширум светот на кои им е потребна помош.

Loading...

Според извештаите, тоа значи дека најмалку 117 милиони луѓе нема да имаат соодветен пристап до храна или друга помош во 2025 година.

ОН објавија и дека годинава собрале околу 46 отсто од потребните 49,6 милијарди долари за хуманитарна помош ширум светот, а ова е втора година по ред како светската организација собира помалку од половина од она што го бара.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Франциско апелираше за храброст да се подобри светот

Најголем дел од финансирањето доаѓа од само тројца донатори – САД, Германија и Европската комисија, кои заклучно со 2020 година обезбедија 58 отсто од 170 милијарди долари што ОН ги побараа за одговор на кризата, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Од минатата година Германија ја намали буџетската распределба за хуманитарна помош во вредност од 500 милиони долари, а кабинетот препорача дополнително намалување за 1 милијарда долари во 2025 година.

Од друга страна, Кина, Русија и Индија заедно придонесоа со помалку од еден процент од хуманитарното финансирање на ОН во истиот период, според прегледот на Ројтерс на податоците за придонесите на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаити: Бандити пукаа во новинари за време на отворањето на болница во главниот град

Речиси 282 милиони луѓе во 59 земји и територии се соочија со високи нивоа на акутна несигурност на храна во 2023 година, а последиците најмногу се почувствуваа во Сирија, Судан, Мјанмар и Авганистан.

Што ќе одлучи Трамп?

Според британската агенција, се очекува одлуките што ги донесе новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ги намали расходите за хуманитарна помош за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, дополнително да влијаат на распределбата на хуманитарната помош во светот.

Loading...

Проектот 2025, збир на предлози за политиката што ги подготвија поддржувачите на Трамп за неговиот втор мандат, ги повикува хуманитарните агенции да работат на собирање повеќе средства од други донатори, што според нив треба да биде услов за поголема американска помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еруптираше вулкан на Хаваите: Исфрла лава 80 метри во воздух (ВИДЕО)

Директорот на Норвешкиот совет за бегалци Јан Егеланд, кој беше директор на хуманитарната организација на ОН од 2003 до 2006 година, рече дека е „лудо“ што мала земја како Норвешка е меѓу најголемите донатори на хуманитарна помош.

Норвешкиот БДП во 2023 година беше два отсто од американскиот, но Норвешка се најде на седмото место според донации на ОН, обезбедувајќи повеќе од 1 милијарда долари, според прегледот на Ројтерс за податоците за помошта на ОН.