ОН: Наталитеттот во светот е во невиден пад

Loading...
Сподели со своите пријатели

Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), специјализирана агенција на ОН, во својот последен извештај предупреди дека падот на плодноста во светот е без преседан, додавајќи дека стотици милиони луѓе не се во можност да имаат повеќе деца поради високите трошоци за живот.

14.000 луѓе во 14 земји, кои сочинуваат една третина од светската популација, учествуваа во анкетата за нивните намери за плодност.

Еден од пет испитаници изјавил дека нема или очекува да нема посакуван број деца, објавува Би-Би-Си.

„Светот започна со невиден пад на стапките на плодност“, вели Наталија Канем, раководител на УНФПА, додавајќи дека мнозинството испитаници сакаат две или повеќе деца и дека стапките на плодност опаѓаат затоа што младите луѓе чувствуваат дека не се во можност да создадат семејства какви што сакаат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Боинг паднаа по падот на авионот во Индија

Дури 39 проценти од испитаниците изјавиле дека финансиските ограничувања ги спречуваат да имаат дете, со највисок резултат во Јужна Кореја, речиси 60 проценти, а најнизок во Шведска, 19 проценти.

Вкупно, само 12 проценти од луѓето навеле неплодност или тешкотии со зачнувањето како причина зошто немаат посакуван број деца, а голем број испитаници го посочиле недостатокот на време како главна пречка во создавањето семејство со повеќе членови.