ОН: Најмалку 364 цивили загинаа во Украина, од кои 25 деца

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на ОН за човекови права ги ажурираше бројките на жртвите во руската инвазија на Украина.

Најмалку 364 цивили, меѓу кои 25 деца, се убиени од 24 февруари, кога започна рускиот напад. Ранети се 759 цивили, соопштија ОН.

 

Руските сили раниле пет лица на протести во јужна Украина

 

Но, вистинските бројки се „многу веројатно многу повисоки“.

„Повеќето цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје, вклучувајќи артилерија, повеќецевни ракетни фрлачи, проектили и воздушни напади“, соопшти ОН.