Најмалку 331 цивил загинаа, а 675 се повредени од почетокот на руската инвазија на Украина, соопштија ОН.
Од ОН посочуваат дека реалниот број на загинати и ранети во последните 9 дена е веројатно многу поголем. Се проценува дека само во петокот загинале околу 81 лице.
Меѓу 331 загинато лице има 19 деца, соопштија ОН.
Повеќето од жртвите биле убиени со експлозивно оружје, тешко артилериско гранатирање и воздушни напади.