Обединетите нации објавија дека 123.538 лица во Газа се внатрешно раселени, главно „поради страв, загриженост за заштита и уништување домови“.
Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA) додаде дека 73.000 луѓе се во училиштата, пренесува Би-Би-Си.
Аднан Абу Хасна, портпарол на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), очекува бројот да се зголеми.
– Во училиштата каде што моментално се сместени има струја, загарантиран оброк, чиста вода, психолошка поддршка и лекување – рече тој.
Во Газа живеат 2,3 милиони Палестинци. Пред да започне воздушни напади во саботата, Израел ги предупреди луѓето што живеат во одредени области да заминат.
– Им порачувам на граѓаните на Газа веднаш да ги напуштат овие места, бидејќи ќе дејствуваме со сите сили – изјави во саботата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.