Обединетите нации проценуваат дека над 100.000 луѓе ја напуштиле Украина во последните 48 часа, додека стотици илјади се внатрешно раселени.
Многумина се обидуваат да одлучат дали ќе останат во земјата или ќе ја напуштат, а нивниот избор ќе зависи од воената ситуација и дипломатските потези кои потенцијално би ставиле крај на инвазијата.
Граничните градови како Паланза, Сирет, Ботошани, Берегсурани и Медика некогаш им беа познати најмногу само на возачите на камиони, а сега станаа жешки точки на новата карта на Европа најтешко погодени од приливот на луѓе кои бегаат од конфликтот во Украина.
Како што јави дописникот на Би-Би-Си од Централна Европа, овие места се соочуваат со нови предизвици на бегалската криза.
Огромниот прилив на луѓе кои пристигнуваат пеш, со автомобили или со воз, е голем проблем за локалните власти.
Марија (19) и нејзината сестра Катја (13) со другарките побегнале од Киев.
„Грабнавме пластични кеси како оние за ѓубре и почнавме по случаен избор да ставаме облека, пари, документи и да пакуваме се што ни текнува“, вели Марија.
„Додека го правевме тоа, слушнавме звуци на експлозии и звук на сирени, видовме како гори пожарот“, додаде таа.
Двете девојки успеале да стигнат до Унгарија, каде ги пронашле своите родители.

