ОН: Израел продолжува да го попречува доставувањето помош за Газа

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации (ОН) го повторија своето предупредување дека Израел продолжува да го ограничува и попречува влезот на конвоите со хуманитарна помош во Појасот Газа, попречувајќи ги операциите за спасување животи, објави денес палестинската агенција WAFA, повикувајќи се на изјавата на портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Диџарик, на прес-конференцијата одржана синоќа во Њујорк.

Loading...

Дизарик истакна дека персоналот во Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) известил дека Израел продолжува да ги попречува конвоите со хуманитарна помош.

Тој нагласи дека израелските власти во неделата отфрлиле осум од 15-те мисии за хуманитарна помош кои бараат координација, а ги блокирале преостанатите седум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската војска го истражува нападот врз болница во Газа во кој загинаа и новинари

Дизарик потврди дека Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања предупредила дека тековните воздушни напади и непријателствата во Појасот Газа, вклучително и нападите врз здравствените установи, предизвикуваат повеќе цивилни жртви и оштетуваат или уништуваат витална инфраструктура.

Бројот на насилно раселени лица во Газа надмина 800.000 од завршувањето на прекинот на огнот во средината на март, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН.