Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права на окупираната палестинска територија денеска соопшти дека Газа стана најопасното место во светот за новинарите и нивните семејства.
„Од нападот на 7 октомври, најмалку 57 палестински новинари се убиени во Газа. Убиени се вкупно 64 новинари, меѓу кои четворица израелски и тројца либански новинари“, се вели во соопштението, пренесе Си-Ен-Ен.
Се додава дека новинарите „во реално време го информирале светот за ужасите низ кои минуваат цивилите во Газа“.
„Нивната посветеност заслужува признание“, посочува ОХХР.
Се известува и дека новинарите и медиумските работници добиле „заканувачки и застрашувачки“ телефонски повици од членови на израелските безбедносни агенции.
„Убиствата и присилното раселување на новинарите ја попречија нивната способност да известуваат од земјата во Газа“, се вели во соопштението.