ОН донесоа резолуција за Украина: Покрај Русија, само една земја гласаше ПРОТИВ

Сподели со своите пријатели

Советот за човекови права на Обединетите нации со големо мнозинство ја изгласа резолуцијат акоја „осудува кршење на човековите права од страна на Русија во Украина“.

Оваа информација на Твитер ја сподели британската амбасадорка за човекови права и заменик постојан претставник во ОН во Женева, Рита Френч.

Таа додаде дека само Еритреја и Русија гласале против резолуцијата, додека 13 биле воздржани и дека во согласност со оваа резолуција ќе се формира комисија која ќе ги истражува сите случаи на кршење на човековите права.

 

 

Амбасадорката на Украина во ОН, Јевхенија Филипенко, изјави пред Советот дека има „непобитни докази за грубо и систематско кршење на човековите права, како и за воени злосторства и злосторства против човештвото од страна на Русија“.

„Наша заедничка должност е да обезбедиме одговорност со наредба за документација и проверка на руските злосторства и идентификација на одговорните“, рече таа.

 

 

И претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави ваквата одлука на Советот за човекови права на ОН.

„Го поздравувам формирањето на Меѓународната истражна комисија на Советот за човекови права на ОН за истрага на руските воени злосторства против Украина. Доказите ќе бидат документирани и користени пред меѓународните судови. Руските воени злосторници ќе одговараат“, рече Зеленски.