Оливер Спасовски утре застанува на чело на МВР, ќе успее ли да ја департизира полицијата?

Сподели со своите пријатели

Од кабинетот на министерот за внатрешни работи во заминување пристигна покана за медиумите, во која се наведува дека утре во 09:30 часот во просториите на министерството ќе биде извршено примопредавање на функцијата министер.

Техничкиот министер кој на чело на МВР дојде во декември ќе му ја предаде должноста на кумановецот Оливер Спасовски, а воедно ова е прво министерство кое новата влада ќе го преземе.

Вечерва на полноќ се очекува да биде изгласана новата Влада, а од Спасовски се очекува да изврши департизација на структурите на ВМРО-ДПМНЕ во редовите на полицијата и да направи професионална служба за граѓаните.

Спасовски е роден на 21 октомври 1976 во Куманово. Основно и средно училиште завршил во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што работел како адвокатски приправник, советник на градоначалникот на Куманово и секретар во општина Куманово. Во два мандата е избиран за пратеник, на изборите во 2006 и во 2011 година. На парламентарните избори во 2016 година бешел носител на листа во изборна единица 2, предводена од коалицијата на СДСМ.

На чело на МВР беше во два наврати како технички министер. Од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 година, но и од 2 септември 2016 година до 12 декември 2016-та. За прв пат сега во министерското столче ќе седне без технички замник министер од редот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Loading...