Оливер Спасовски и уредничката на Канал 5 во жестока расправија (видео)

Сподели со своите пријатели

Вечерашното интервју на министерот Оливер Спасовски за Канал 5 се претвори во остра кавга меѓу него и уредничката Лидија Богатинова. Очигледно „изгорена“ од интервјуто со Заев, Богатинова го дочека Спасовски „на нож“, а тој не ѝ остана должен, пишува порталот ПлусИнфо.мк.

Речиси секое прашање од интервјуто заврши со кавга и со обид на Спасовски да ги деспинува тезите на Богатинова. Така, на пример, тој се обиде да ѝ укаже на уредничката на Канал 5 дека не е точно дека Управниот суд ги укинал решенијата за смени во МВР, туку определил времени мерки за запирање на дејствијата. Наспроти ова објаснување, Богатинова го обвини министерот дека не ги почитува одлуките на Судот.

Loading...

Впрочем, погледнете го сами интервјуто, објавено на страницата на Канал 5 на Јутјуб.