Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одрбана Радмила Шеќеринска Јанковска на денешната прва владина седница беа избрани за нови вицепремиери, односно заменици на премиерот Зоран Заев.
Освен ова, донесена беше и одлуката Бујар Османи да биде вицепремиер задолжен за европски прашања, Кочо Анѓушев за економските прашања и координација со економски ресори, додека Хазби Лика за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.
Свои задолженија добија и министрите без ресор. Робер Поповски ќе биде задолжен за комуникации, отчетност и траспорт, Едмонд Адеми за дијаспора, Зоран Шапуриќ за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Самка Ибраимовски за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Рамиз Мерко и Зорица Апостоловска ќе бидат задолжени за странските инвестиции.
Генерален секретар на новата Влата е Драги Рашковски.