Министрите од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски веќе не се првите луѓе во Министерството за внатрешни работи, односно Министерството за труд и социјална политика.
Собранието денеска ги констатираше нивните оставки, по што Митко Чавков го заменува Спасовски, а Диме Спасов се враќа на функцијата на Ременски, при што денес беа дадени и нивните заклетви кои пратениците од СДСМ ги исвиркаа, по што со негодување ја напуштија седницата.
Инаку, Спасовски и Ременски своите оставки ги поднесоа и пред распуштањето на Собранието, но нивното констатирање не беше ставено на дневен ред на седницата.
Loading...