Лидерот на Северна Кореја наводно наредил да се казнат сите спортисти кои Северна Кореја не ја претсавиле достоинствено на Олимписките игри во Рио де Женеиро.
Ким Џон Ун, како што пренесува биртанскиот „Sun“, им наредил на своите спортисти од Рио да се вратат со најмалку 17 медали, од кои пет златни, а тие се вратиле само со две злата, три среба и два бронезени медали, па сега ќе мора да сносат последици.
Посебно го разбеснело тоа што Јужна Кореја освоила дури 21 медал, од кои девет златни.
Експерт за тоталитарни режими како овој во Кореја, Тошимитсу Сигемура, рекол дека оние кои освоиле медали ќе имаат бенефиции.
Оние кои осовиле медали ќе бидат наградени со подобро место за живот, добри автомобили, можеби и неоки други подароци од страна на режимот. Но, Ким бил лут и разочаран од резултатите. Оние за кои ќе мисли дека го изневериле ќе бидат казнети со намалување на порциите оброци, а исто така најверојатно ќе бидат преселени во полоши делови од земјата, а можно е да бидат испратени и во рудниците за јаглен. Ќе им биде дозволено да се вратат по година-две – рекол Сигемура.
Loading...