ОКСФОРД СТУДИЈА: Колку долго штитат Фајзер и АстраЗенека?

Сподели со своите пријатели

Една здравствена студија во Обединетото Кралство покажа дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“ се намалува против доминантниот делта сој на коронавирусот во рок од три месеци.

Откриено е дека оние што се инфицираат по добивањето две дози може да претставуваат поголем ризик за другите луѓе во споредба со претходните варијанти на коронавирусот.

Студија на Универзитетот во Оксфорд, базирана на повеќе од три милиони примероци земени од носот и грлото низ Британија, покажа дека 90 дена по втората доза на вакцина „Фајзер“ или „АстраЗенека“, нивната ефикасност во спречувањето на инфекцијата се намалува на 75 проценти и 61 проценти, соодветно.

Во двонеделниот период по втората доза, овие проценти се соодветно 85 проценти и 68 проценти. Намалувањето на ефикасноста е поизразено кај луѓе на возраст од 35 години и постари отколку кај помладите луѓе.

„И двете овие вакцини во две дози сѐ уште се многу добри против делта. Кога започнувате со многу, многу високо ниво, имате долг пат“, вели Сара Вокер, професорка по медицинска статистика во Оксфорд и истражувачка лидерка за вакцината „Фајзер“.

Научниците не можеле да предвидат колку заштитата дополнително ќе ослабне со текот на времето, но сугерираат дека ефективноста на двете студирани вакцини ќе се изедначи во рок од четири до пет месеци.