Скоро секоја личност од време на време чувствува играње или движење во окото, што може да биде многу непријатно.
Ова е неконторлирано движење кое опфаќа само еден капак. Може да го зафати горниот или долниот, но секогаш е само еден. Капакот започнува да се стресе без контрола и генерално е безболно, но може да предизвика различни пореметувања во организмот.
Зошто тоа се случува?
1. Пореметување на тиковите
Играњето на окото некогаш значи дека можети имате пореметување. Туретов синдром е најпознатиот пример, но постојат многу повеќе. Ова значи дека луѓето некотролирнао трепкаат или го поместуваат капакот. Играњето е еден од најчестите симптоми.
2. Дистонија
Дистонијата е пореметување во кое мускулите се поместуваат без контрола. Ова погаѓа голем број луѓе, а често се случува во пределот на окото (блефароспаза). Ако не се лекува, може да се случи да не бидете во состојба да го отворите окото.
3. Мелино пореметување
Мултипла склерозата е најпознатата форма на пореметување кое влијае на нервниот систем. Луѓето со оваа поремтување можат да почуствуваат играње на капаците и другите делови од телото како што се екстремитетите. Меѓутоа, ако чувствувате само на капакот, можеби имате невродегенеративен синдром.
4. Инфекција на окото
Ако ве чеша капакот, тогаш можеби имате инфекција како што е конјуктивитис. Ова предизвикува чешање, црвенило и печење. Ако забележите вакви симптоми, задолжително посетете лекар.
5. Стрес и замор
Стресот и исцрпеност ги замараат мускулите и со самото тоа предизвикуваат играње на окото. Исто така се случува кога долго гледате во монитор. Често го погаѓа долниот капак и се случува кога ви се зголемува нивото на адреналин.
6. Кофеин
Кафето е здраво, но големи количини можат да предизвикаат несакани ефекти. Кафето и енергетските пијалаци го спречуваат телото да спие, поради што се зголемува нивото на адреналин и мускулите започнуваат да се движат. Држете се до мали количини.
7. Кафе и цигари
Многу луѓе сакаат да се опуштат со кафе и цигари, но ваквата навика воопшто не е здрава. Никотинот е активна хемикалија која влијае на работата на срцето, но и на очите, што доведува до проигрување. Алкохолот ги опушта мускулите, но и ги замара. Обидете се да ги поправите овие лоши навики.
8. Ситен објект во окото
Ако било што ви влезе во окото, телото ќе се обиде да го исфрли на сите начини. Ќе се јават автоматски симптоми како што се солзи и ешање. Не го тријте окото, туку со чисти раце и дестилирана вода обидете се да го извадите ситниот објект.