Околу 90.000 жители на Австралија се евакуираат поради поплави

Сподели со своите пријатели

Околу 90.000 жители на градовите Нов Јужен Велс во Австралија беа предупредени итно да ги напуштат своите домови поради претстојните поплави, а ова се четврти најголеми поплави во Австралија оваа година.

Loading...

Властите издадоа предупредување за евакуација за градовите Вага Вага, Гунеда и Форбс во Нов Јужен Велс, објави Ројтерс.

Според метеоролозите, градот Форбс, кој се наоѓа западно од Сиднеј, утре би можел да биде погоден од најлошите поплави во последните 70 години.

Во изминатите 24 часа во Нов Јужен Велс, спасувачките тимови изведоа 15 операции за спасување на луѓето од поплавените подрачја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чекаше помош на врвот на поплавена зграда, пожарникарите ја спасија (ВИДЕО)

Австралија издвои 1,3 милијарди долари за помош на илјадници жители чии домови беа оштетени од поплавите и во некои случаи да се преселат во побезбедни области.