Планот на Шведска е депортација на околу 80.000 бегалци кои во земјата пристигнале во текот на изминатата година, а чии барања за азил биле одбиени, изјавил шведскиот министер за внатрешнир аботи Андерс Игеман.
Министерот вели дека бројката која е сега 60.000 се очекува да достигне до околу 80.000 и дека Владата побарала полицијата и органите задолжени за бегалци да се организира нивната депортација, која најверојатно ќе се одвива неколку години.
Според министерот депортацијата ќе биде напарвена со специјални чартер летови, бидејќи станува збор за голем број на луѓе.
Инаку Шведска има 9,8 милиони жители и е една од земјите на Европската Унија која прими најголем број беглаци по бројот на своите жтели. минатата година според официјалната статистика во земјата околу 160 илјади бегалци побарале азил.