Околу 50.000 Палестинци побегнаа во средата од северот на Појасот Газа на југ од енклавата, што е најголем број евакуирани преку коридорот што беше отворен пред два дена и е под контрола на израелската армија, соопштија денеска ОН. .
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања процени дека од неделата се евакуирани вкупно 72.000 Палестинци.
Израелската армија дозволи евакуација од 10 до 15 часот по локално време.
„Судирите и гранатирањето на патот и околу него, наводно, продолжиле, загрозувајќи ги оние кои се евакуираат“, се вели во соопштението на УНОЧА, истакнувајќи дека на страната на патот биле забележани трупови.
Беше објавено дека повеќето Палестинци пеш тргнале на југ и дека израелските војници ги принудиле оние што биле во возила да излезат од нив на јужниот раб на главниот град Газа, пренесува Бета.
ОН проценуваат дека околу 1,5 милиони од вкупно 2,3 милиони жители на Газа се раселени во таа енклава.