Околу 100 луѓе убиени во племенски борби во Дарфур

Сподели со своите пријатели

Околу 100 луѓе се убиени во племенските судири во суданскиот регион Дарфур минатата недела, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Loading...

Координаторот на УНХЦР Тоби Харвард изјави дека борбите избувнале поради конфликтот околу земјата меѓу арапските и африканските племиња во градот Кулбус во провинцијата Западен Дарфур, пренесува агенцијата АП.

Тој рече дека локалните милиции потоа нападнале неколку села во областа, принудувајќи илјадници луѓе да избегаат.

Племенски водач во градот Абкар ал-Тум изјави дека најмалку 62 тела биле пронајдени изгорени, откако милициите запалиле повеќе од 20 села.

Тој додаде дека многу луѓе сѐ уште се водат како исчезнати.

Според американската агенција, ова е најновото племенско насилство во Дарфур.