„Градоначалникот и неговите директори како да се откажале од Куманово кoe веќе дваесетина дена наликува на град коj, како да се наоѓа во најзафрлените и најнедостапните места на нашата земја“, ова денеска го посочи Валентина Јовановска, советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Како што посочи Јовановска паркинг просторот во Куманово го снема со првиот снег и воопшто не им служи на граѓаните, бидејќи е покриен со дебел слој мраз по кој возилата не можат да се движат.
Покрај сите проблеми што ги направи неажурноста на локалната власт, која го остави Куманово заглавено во снег и лед, поради што на лизгавите улици и тротоари многу граѓани завршија со телесни повреди за што официјално и потврди општата болница во градот, мошне важно за алармирање е и нефункционалниот систем за паркирање – рече Јовановска.
Loading...
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали оваа јавно претпријатие функционира во зимскиот период.
Деновиве едно од многуте работи што ги збунува граѓаните е и дали наплатата на паркинг функционира или не? Дали јавното претпријатие наплаќа паркинг и дали ги санкционира оние кои не плаќаат. Очигледно распустот не завршил за ова јавно претпријатие. Затоа како општински комитет ги повикуваме надлежните од ова претпријатие веднаш да излезат и да им објаснат на граѓаните дали треба да плаќаат за паркирање или не – додава Јовановска.
Од партијата велат дека ако треба да се плаќа паркинг, надлежните првин треба да ги исчистат површините, па тогаш да бараат надомест за користење на паркинг услуги.