Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес на прес конференција одржана на улицата „Среќко Пужаљка“ истакна дека граѓаните токму од овој дел од градот секојдневно поминуваат низ кал, како и неколку илјада ученици кои секојдневно по оваа улица одат на училиште.
Тука не е можно да поминете, а притоа да не се заглавите во кал до колена. иста е сликата и со улицата „Перо Чичо“ која се наоѓа токму пред Средного гимназиско училиште „Гоце Делчев“. Градоначалникот со години се крие и не излегува да каже зошто интересите на неговите граѓани се секогаш ставени на последното место во неговата агенда. Го повикуваме градоначалникот да се прошета со неговите општинари и роднини вработени во општината и јавните претпријатија, по улиците низ Куманово и да видат што не направиле за овие 12 години – рече Менсур Калач од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Loading...
Како што потенцираше Калач, централното градско подрачје е со кал и ѓубре, атмосферската канализација не функционира, но и дека кејот на реката заличува на депонија, а за тоа го обвини градоначалникот и локалната самоуправа.