ОК ВМРО-ДПМНЕ: Каде е индустриската зона која ја вети Дамјановски?

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на денешната прес конференција го потесети Дамјановски дека пред точно четири години ветил изградба на Индустриска зона со 60 индустриски капацитети во атарот на селото Речица, но дека тоа и ден денес го нема реализирано.

Поминаа 12 години како Дамјановски владее со општина Куманово и точно 4 години од ветувањето дека во Куманово ќе се гради Индустриска Зона со над 60 индустриски капацитети, која само за почеток требаше да обезбеди над 2500 вработувања. Требаше да биде изградена во атарот на селото Речица, а со површина од 60 илјади метри квадратни и излез на автопатот Е75. За жал, може да се констатира дека таканаречената индустриска зона на Дамјановски е само уште едно негово промашено ветување на хартија. Таму денеска, освен празна ливада и некосена трева, не може да се види ниту еден започнат инфраструктурен проект, кој би требало да го реализира локалната самоуправа, се со цел привлекување на инвеститори – вели Бране Петрушевски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Како што вели Петрушевски на ливадата која требала да претставува Индустриска зона нема ниту приклучоци за вода, канализација и струја, а нема ниту пристапен пат.

Сакаме да ја прашаме локалната самоуправа, како и новата Влада предводена од Зоран Заев и СДС, дали планираат да ја реализираат Технолошко индустриската развојна зона предвидена во месноста АЏИТЕПЕ, Кумановско, проект започнат од претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој е во фаза на реализација во Агенцијата за Просторно Планирање – прашува Петрушевски.

Како што потенцираше Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ изградиле низа индустриски зони кои вработиле илјадници лица, упатувајќи критика дека СДСМ и Дамјановски тоа не го сториле.