ОК ВМРО-ДПМНЕ: Директорот Петрушевски залудно го насочува прстот кон другите (видео)

Сподели со своите пријатели

По вчерашните прекини на работа во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска рекација пристигна и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека неодговорноста на локалниот менаџмент во Куманово со години се гледа на дело и се презема стратегија за раководење на јавните претпријатија и услугите кои треба да ги сервисираат кон граѓаните.

Директорот залудно се правда и залудно го насочува прстот кон другите. Вистината е една, а тое е неспособноста за менаџирање и немање на одговорност на самиот директор кој ги користи ресурсите на претпријатието за угостителство, спорт и рекреација и други активности, а најмалку за основната дејност за кое е и формирано јавното претпријатие, а тоа е одржување на чистотата во градот. Општината и јавните претпријатија се дават во долгови, а граѓаните во кал, смет и други комунални проблеми. Мостот на влезот во населбата Перо Чичо, населбата Средорек, градскиот кеј, а сега и пред сите згради се направени мини депонии со кои ниту вие, ниту општината не сте способни да се справите – вели Анета Додевска Шандева од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Loading...

 

Шандева порача директорот Петрушевски да го среди својот двор и да ги фати конците во раце. Да не дозволува ова да се претвори во еколошка катастрофа и епидемија на заразни болести.

Инаку во меѓувреме денеска директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ тврди дека немало штрајк, туку мало незадоволство од вработените и за неисплатените плати прстот го впери кон Управата за јавни приходи која ги блокираше сметките на претпријатието.