ОК ВМРО-ДПМНЕ: Дали ЈП „Чистота и зеленило“ се ангажира само за интереси на СДСМ? (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес на прес конференција упати нови критики кон Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и членовите на Општинската организација на СДСМ.

Според Анета Шандева Доневска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Куманово повторно биле наврадени како резултат на тоа што се фотографирале во месната заедница Б.С. Гојчо со цел, како што потенцираше Шандева, да покажат дека се грижат за проблемите.

Дали овој проблем како и повеќето во општината служат единствено за тоа СДСм кога сака обично под голем притисок од јавноста, да реагира, но секогаш кога тоа е во функција на партиските интереси, обично како дел од предизборна кампања? Дали Јавното претпријатие ја гледа нечистотијата и нередот во градот или треба некој, секој ден да ги потсетува за да Ј.П. се ангажира само кога има потреба од реклама за СДСМ? – праша Анета Шандева Доневска.

Според членовите на ВМРО-ДПМНЕ оваа прес конференција била потикната од родителите загрижени за својата и безбедноста на своите деца.

Денес се наоѓаме пред влезот на управната зграда на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и како што можете да видите и покрај просторот за паркинг во непосредна близина на претпријатието, возилата се оставаат на тротоарот на улица која води до градинката. Секојдневно родителите носејќи ги своите деца во градинката, ризикуваат многу, бидејќи не можат да се движат нормално, ги заобиколуваат паркираните автомобили, одар по улица со што ја загрозуваат својата и безбедноста на најмалите и за ова слика локалната власт пропадната во својата лежерност и неодговорност воопшто не е загрижена – потенцираше Шандева Доневска.

Според неа неодоговорноста и цинизмот на СДСМ деновиве доживуваат кулуминација.