„СДС е партија што е до гуша заглавена во криминал“ – вака денеска започна прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово кои обвинија дека Виктор Петрушевски, член на Извршниот одбор на СДСМ незаконски од државата изнесувал поголема сума на пари во готовина, при што избегнал од македонските царински службеници, но бил откриен од српската страна.
Виктор Петрушевски освен што е член на Извршниот одбор на СДС истиот е поставен и за раководител на комерцијален сектор , на „Куманово гас“. Јасно е дека толкава сума евра во готово не се заработува од плата и од чесно работење. Се поставува прашањето чии пари на црно изнесувал Петрушевски? Уште поважно е прашањето за кого биле наменети тие пари и кој требало да биде исплатен? Јавноста добро знае дека Заев е долабоко загазен во криминал. Барањето поткуп, Глобал, Цареви Кули се само дел од случаите кои веќе се работат. За Шилегов јавноста дозна дека сам себе си плаќа консултантски услуги, а Шекеринска сама себе си префрла огромни кирии – рече Срѓан Ивановски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Според Ивановски парите најверојатно биле од платеничката шарена револуција која, како што вели, скапо била финансирана од раката на СОРОС.
Виктор Петрушевски освен што е член на Извршниот одбор на СДС истиот е поставен и за раководител на комерцијален сектор , на „Куманово гас“. Јасно е дека толкава сума евра во готово не се заработува од плата и од чесно работење. Се поставува прашањето чии пари на црно изнесувал Петрушевски? Уште поважно е прашањето за кого биле наменети тие пари и кој требало да биде исплатен? Јавноста добро знае дека Заев е долабоко загазен во криминал. Барањето поткуп, Глобал, Цареви Кули се само дел од случаите кои веќе се работат. За Шилегов јавноста дозна дека сам себе си плаќа консултантски услуги, а Шекеринска сама себе си префрла огромни кирии – додаде Ивановски.

