Одбојкарките на СВСК утре на домашен терен го пречекува составот на ОК Пелистер Волеј од Битола во склоп на последно 14то коло од Сениорска државна лига во одбојка за дами. ОК СВСК обезбеди место во play-off разигрување за титулата шампион во најпрестижното одбојкарско натпреварување во Македонија, и тоа најверојатно од позиција 2 веднаш зад минатогодишниот шампион ОК Јанта Волеј.
Во недела 09.04.2017 г. нашите младинки (1998 и помлади) играат прв од двата натпревара во 1/2 финале од Младинското првенство на ОФМ за дами со УГД Студент од Штип во салата на „Х.Т.Карпош“ во Скопје со почеток во 13:00 часот – вели Денис Вујадиновиќ од ОК СВСК.
По двете победи над ОК Македонија Макс, ОК СВСК се пласира во Финалето на Купот на Македонија за сезона 2016/17. За својот прв трофеј сезонава ќе се натпреваруваме со ОК Јанта Волеј на 29.04.2017 г. со директен пренос на Македонска телевизија.