По повод големиот христијански празник, заштитник на лозарите, Свети Трифун, денеска во атарот на селото Романовце се одржа традиционалното закројување лозови дрвца во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Loading...
[huge_it_gallery id=”302″]
Пратеникот во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски истакна дека ова е традиција која треба да се негува уште многу години.
Ова чествување на Свети Трифун беше на иницијатива на ВМРО, која започна пред четири години. Традиционално се трудиме да ја одржуваме секоја година, локациите ги менуваме, отприлика во сите делови од градот да бидеме застапени. Така да ова дружење со луѓето, ова воздигнување на овој ден на плодност на лозарите и овоштарите треба да остане традиција за нас и тие по нас – вели Ѓорѓиевски.
На манифестацијата присуствуваа и свештени лица од Кумановсо – осоговската епархија кои ги осветија дрвцата, а беше извршено и примопредавање на кумството. Минатогодишниот кум Дејан Гроздановски вели дека кумството не мора да биде поврзано само со верата, туку одржување на традицијата.
Пред четири години, тогаш кандидат за градоначалник, а сега пратеник господин Зоран Ѓорѓеивски и претседателот на Општинскиот комитет, Драган Петковски дадоа иницијатива да поченеме да го празнуваме овој празник и денеска се собравме во селото Романовце да им укажеме чест на мештаните овде и на сите православни христијани – изјави Гроздановски.
Следната година кумството ќе биде во рацете на Дејан Ристовски, кој истакна дека ќе му биде чест и задоволство да ја имаа таа можност.
Loading...
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ четврта година по ред го одбележува празникот поврзан со лозарите, овоштарите, виното и плодноста.