ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот ја злоупотреби седницата на Советот за лична промоција (видео)

Сподели со своите пријатели

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата за подобра Македонија денеска на прес конференција го образложија вчерашното напуштање на четириесет и осмата седница на Советот на Општина Куманово и обвинија дека градоначалникот го злоупотребил преносот за свој личен маркетинг.

Поради очигледната злоупотреба на седницата на советот за маркетинг и пропагандата на градоначалникот и очигледно претходно договорените прашања нашата советничка група вчера реши да не биде дел од оваа фарса и да ја напуштиме оваа седница. нашите прашања до службите ќе ги доставиме во писмена форма, а граѓаните ќе ги известиме преку медиумите – вели координаторот на советничката група, Драган Петковски.

Тој истакна дека до градоначалникот сакале да постават различни прашања и да иницираат решавање на реални проблеми со кои граѓаните на општината се среќаваат, меѓу кои за повеќе инфраструктурни проекти кои не се започнати.

На иницијатива на граѓаните сакавме да го потсетиме градоначалникот дека иако поминаа три четвртини од неговиот последен мандат, од неговите предизборни ветувања многу малку е реализирано, а повеќето воопшти не е започнато. Такви се ветувањата за изградба на 28 автобуски постројки во градот, изградба на 11 мини прочестителни станици. Ние како советници имаме мандат да ги браниме нивните интереси, а не да бидеме дел од оваа шоу на градоначалникот. Како потврда на оваа тврдење е телевизискиот пренос,каде граѓаните може да се уверат дека градоначалникот со помош на претседателот на Советот ја имаат злоупотребено седницата со советнички прашања со цел вистинските прашања никогаш да не бидат поставени – рече Петковски.

Тој додаде дека како советничка група нема да дозволат личната промоција на градоначалникот да биде пред интересите и потребите на граѓаните.

На оваа седница што сакавме да ги поставиме прашањата на градоначалникот со тоа сакавме да го потсетиме и иницираме решавање на реални проблеми со кои се среќаваат граѓаните на Општина Куманово и да ги поставиме следните прашања: До каде е стигнато барањето за канализација во населба Карпош за месноста наречено Ливади чија проектна документација е доставено до општината? До каде е проектот за изградба на акнализационата мрежа во Којнаре и дали се опфатени и краците?