ОЈО Куманово: Се преземаат огромен број дејства за случајот од Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство Куманово денеска преку кусо соопштение информира дека се преземаат огромен број дејства за случајот со 25-годишникот осомничен за неколку убиства во општината Старо Нагоричане.

– Основното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејствија за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани, велат од ОЈО Куманово.

Осомничениот, како што додаваат оттаму, е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим ма експерти.

Во однос не ексхумираното тело на помладата жена за кои постојат сомневања дека исто така е жртва на осомничениот Т.Б., наодот од извршена обдукција се уште не е пристигнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 90 илјади евра за годишната програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Паралелно, велат се вршат распити и собираат докази.

– Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали, стои во соопштението.

Од кумановската полиција, информираат дека против осомниченото лице засега се поднесени кривични пријави за кражби.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Општина Старо Нагоричане поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Челопек се живее со страв, додека се истражуваат сомнежи за повеќе убиства (ВИДЕО)

Оттаму додаваат дека лицето е приведено по пријава за физички напад врз 86-годишната Р.Т. од село Челопек.

За тој, но и евентуални други случаи засега нема пријави, но истрагата велат е во тек.

– Откако бил пријавен настан на 09.02.2026 година за физички напад врз Р.Т. (86) во село Челопек, Т.Б. (25) бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Поради тоа што истрагата сеуште е во тек за подетални информации ќе бидете дополнителни известени, велат од СВР Куманово.

 

Никола Ивановски