ОЈО Куманово ги бара снимките од Спортската сала, полицијата повикува лица на разговор

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство Куманово со налог ги бара снимките од надзорните камери во Спортската сала Куманово за да идентификува лица кои скандирале на натпреварот Македонија – Романија.

Loading...

– Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија. Издадена е наредба и за обезбедување на снимките од видео надзор со цел идентификација на  евентуални сторители, велат од Основното обвинителство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Навивачките групи да навиваат спортски, сето останато ќе биде предмет на истрага

Во меѓувреме, кумановската полиција веќе започнала да повикува лица на разговор.

– СВР Куманово ја информира јавноста во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 2 август 2025 година во градската спортска сала, каде што беа снимени  скандирања со навредлива содржина од страна на дел од гледачите, дека се преземаат оперативни мерки за целосно расчистување на настанот. Вчера во СВР Куманово биле повикани неколку осомничени лица со кои бил извршен службен разговор и по  извршени  анализи во координација со Јавниот обвинител, ќе бидат преземени конкретни законски мерки против вклучените лица, вклучително и кривични постапки, велат денеска преку соопштение од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем пожар во липковско Слупчане, зафатена сува трева и шума

Бурни реакции кренаа политичките партии вчера во јавноста откако одредени лица наводно скандирале навредливи пароли со националистички основи на натпреварот Македонија – Романија.

Во меѓувреме организаторот, Кошаркарската федерација се огради од скандирањето, исто како и домаќинот Општина Куманово.

Кумани, пак, преку соопштение реагираа дека одредени поединци користат голема маса на луѓе за непримерно скандирање.

Никола Ивановски

Loading...