Огромна акција на Интерпол: Запленети 5,7 милијарди долари дрога и оружје

Сподели со своите пријатели

Интерпол објави дека неговата досега најголема операција за заплена на огнено оружје низ Централна и Јужна Америка резултирала со запленување на илјадници нелегално оружје и дрога во вредност од 5,7 милијарди долари по невидена соработка на 15 земји.

Loading...

Меѓународната полициска организација објави дека властите уапсиле 14.260 луѓе во операцијата Trigger IX, која се одржа меѓу 12 март и 2 април.

Во акцијата се пронајдени 8.263 парчиња нелегално оружје и речиси 306.000 парчиња муниција, како и 203 тони дрога и 372 тони средства за производство на наркотици.

Во акцијата учествуваа Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Перу и Уругвај.

Операцијата се одржа во време кога Мексико, со поддршка на 16 американски држави и неколку земји од Карибите, поднесе тужба против американските производители на оружје, со цел тие да бидат одговорни за олеснување на шверцот на оружје преку граница.

Повеќе од половина од „криминалното оружје“ запленето и пронајдено во Централна Америка потекнува од САД, според податоците на американската агенција за контрола на оружје АТФ. Таа бројка за Мексико е 70 отсто, а 80 отсто за другите карипски земји.