Американските власти открија подземен тунел меѓу Калифорнија и Мексико, во должина на фудбалско игралиште, во кое има струја, вентилација, железнички систем, а ѕидовите се зајакнати, објави Гардијан.
Истражителите утврдиле дека тунелот водел до складиштето до индустриската зона на американско тло.
Тунелот се наоѓа на 800 метри од граничниот премин Отаи Меса, помеѓу мексиканската Тихуана и американскиот Сан Диего.
Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)
Откако следеле куќа која до неодамна се користела како магацин за дрога, американските агенти почнале да запираат возила во близина на магацинот и пронашле кутии полни со кокаин, се вели во федералниот кривичен извештај на Окружниот суд на САД во Сан Диего.
Федералните агенти заплениле 799 килограми кокаин, 75 килограми метамфетамин, 1,6 килограми хероин од запрени автомобили и „кутии“, а шест лица се уапсени.
Од 2006 година, американските власти открија 15 иновативни тунели на границата со Мексико.