Застрашувачкиот момент кога огромен бран го однесе малото девојче во морето е снимен на камера.
Случајните минувачи биле шокирани кога во четвртокот околу 19 часот го виделе девојчето како бран го одвлекува од пристаништето во Девон.
Група од четири деца си играле на пристаништето при плима кога голем бран го соборил девојчето и го одвлекол меѓу оградите во морето.
На видеото се гледа како девојчето избезумено се обидува да доплива до брегот.
Случаен минувач ѝ фрлил спасувачки апарат, а друг успеал да го фати девојчето пред брановите да ја однесат понатаму во морето.
– Ова е сериозен потсетник за високоризичните активности во пристаништето. Имаа среќа што не беа сериозно повредени. Го загрозиле сопствениот живот и животот на случајните минувачи кои реагирале кога ќе западнале во неволја. Условите на морето беа многу променливи, но тие сепак продолжија да налетуваат на брановите што доаѓаа“, рече Џорџина Карло-Пат од Капетанијата на пристаништа, пренесува Дејли мејл.
Локалните медиуми потсетуваат дека постои регулатива која им забранува на луѓето да скокаат во вода или да нуркаат и пливаат во пристаништето без дозвола на пристаништето.
Казната за скокање од пристаниште може да биде и до 1.250 евра.