Ограбил маркет, па и се заканувал на директорката на ЦСР Куманово

Сподели со своите пријатели

Вработен во маркет лоциран на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово вчера во Секторот за внатрешни работи пријавил дека непознато лице влегло во маркетот и извршило разбојничка кражба.

Loading...

Како што информираат од кумановската полицијата, по преземени мерки Ф.Н. бил приведен во СВР Куманово и му бил одземен нож.

Во меѓувреме, било пријавено дека, по разбојничката кражба во маркетот, Ф.Н. заминал во просториите на директорот на Центарот за социјални работи Куманово, каде што и упатил закани по животот.

По целосно документирање на случаите против Ф.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply