Еден 47-годишен жител на јужниот дел на Израел ќе биде обвинет за грабеж откако украл околу 8.000 долари од две банки во Бершева, користејќи авокадо.
Поранешниот затвореник од едно бедуинско село влегол во филијала на поштенската банка во Трговскиот центар Биг во Бершева кон средината на мај и на благајничката и предал порака, барајќи парите да ги стави во кеса.
ХИТ: Крадец среде кражба повикал полиција за да го спаси
„Предади ми ги парите од фиоката“, стоело во пораката, а пренел израелскиот ТВ Канал 12. Бидејќи благајничката одбивала, крадецот рекол: „Стави ги парите во чанта бргу или ќе ја фрлам оваа граната“.
Со тоа го свртел вниманието на кружниот црн предмет кој го држел во десната рака, за кој тврдел дека е граната, а како што се испоставило подоцна било црно авокадо.
Крадецот излегол од банката со над 16.000 шекели (4.450 долари).
Дали е ова најлошиот крадец во историјата? (ВИДЕО)
По пет дена истиот човек влегол во друга филијала на поштенска банка во трговската зона Орен во истиот град, пвоторувајќи го претходниот метод, мавтајќи со црно авокадо и заканувајќи се дека ќе ги крене во воздух.
Заминал од банката со 12.000 шекели (3.300 долари). Безбедносните камери не пружиле добар увид во идентитетот на крадецот затоа што два пати имал шешир на главата кој му го покривал лицето, а очилата за сонце и еден повез преку око исто така ја отежнувале работата.
Наместо во стакло, крадец гаѓаше во главата на својот другар (ВИДЕО)
Меѓутоа, полицијата влегла во траг на локациите на мобилните телефони за време на кражбите и следеле анеколку трагови за да го пронајде. Се испоставило дека претходно бил во затвор три години исто така поради кражба.