На 23.12.2016 година околу 03.20 часот во Куманово на ул. „11-ти Октомври“, во пицерија две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработениот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сторителите, од кои едниот вооружен со пиштол, влегле внатре и физички го нападнале вработениот, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата, при што му одзеле околу 16.000 денари. По настанот сторителите избегале. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.