Пари биле украдени од црквата „Света Троица“ во кумановското село Љубодраг викендов, откако истата првин била обиена.
Loading...
– На 24.08.2025 во 14:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во периодот од 04.08.2025 до 24.08.2025 во црква „Св.Троица“ во с.Љубодраг, кумановско, со употреба на сила и погоден алат била отворена касата и биле одземени пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што се додава во соопштението, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски