Вчеравечер околу 19.05 часот на автопатот Скопје-Куманово, во населба Илинден, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработен во бензинска пумпа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сторителите со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 7000 денари и мобилен телефон, по што го заклучиле во службената просторија и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
