Ограбен маркет во кумановско Орашац

Сподели со своите пријатели

Маркет во кумановското село Орашац вчера бил мета на крадци, при што биле одземени повеќе производи.

– На 13.02.2022 во 15.18 часот во СВР Куманово, П.Ц. пријавил дека во неговиот маркет во село Орашац, кумановско, било влезено со употреба на сила и биле одземени повеќе производи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Отаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски