Во Рим едно момче скокнало низ прозорец за да се спаси од пожарот во својот стан.
Се „залепил“ за работ на зградата додека ветерот носел огромно количество чад во неговата насока. Во последен момент го спасиле пожарникарите.
Снимката од мажот кој едвај извлекол жива глава од пожар во здрав во Рим во краток период стана вирална.
Пожарот во зградата во округот Апио го изгаснале римските пожарникари. Тој избил во стан на третиот кат од зградата, а пожарниакрите реагирале бргу со два тима, камионски скали и цистерна, па го изгаснале пожарот пред некој да настрада.
Мажот кој се затекнал во станот излегол низ прозорецот и застанал до ѕидот. Од големата топлина ја соблекол маицата и се наголтал чад.
Неколку минути минале додека пожарникари не поставиле цевка кон прозорецот и му го спасат животот. Потоа противпожарната биридага со помош на скали го поверила на тимот на итната помош.
Фото: Youtube printscreen / euronews (in English)