Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за икинување на полицискиот час.
Од утре повеќе нема да има рестрикции во движењето на граѓаните, со што вечерва е последниот полициски час наметнат со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
ПОВРЗАНО:
- Од 1ви јуни престануваат да важат дел заклучоците на Владата
- Од четврток се отвораат угостителските објекти
- Филипче: Ќе мора да научиме да живееме со вирусот
На прес конференција ваквата информација штотуку ја потврди и премиерот Оливер Спасовски.
– Според анализите и препоракитена Комисијата за заразни болести можеме да констатираме врз основа на одредени исполнети услови, врз основа на анализи и препораки, Владата донесе одлуки со кои што орестанува важењето на повеќе рестриктивни мерки. Од утре 27ми мај целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, изјави премиерот Спасовски.
Никола Ивановски