Никој не ја исклучува средбата меѓу Владимир Путин и Владимир Зеленски, таа е концептуално возможна, но прво преговарачите мора да го направат својот дел, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Никој не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Зеленски. Да, концептуално тоа е навистина возможно. Но, прво, и делегациите и министрите мора да го направат својот дел, претседателите да не се сретнат заради процесот и разговорите, туку заради резултатите – рече Песков.
Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни
Тој додаде дека позициите на руската страна се познати, јасно формулирани и упатени до украинските преговарачи.
– Очекуваме реципрочни формулации – нагласи Песков.
Очигледно се потребни и бараат меѓународни преговори со учество на рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на другите земји за ситуацијата во Украина, рече Песков.
– Путин отсекогаш бил поддржувач на дипломатијата, тој секогаш ги поддржувал преговарачките процеси – додаде тој.
Претходно денеска портпаролот на турскиот претседател изјави дека во блиска иднина е можна средба меѓу рускиот и украинскиот лидер.